Фановите на Џенова ќе протестираат против претседателот Енрико Прециоси на мечот со Џенова. Тие се иритирани од неговите потези со честите смени на тренерите. Лути му се што му даде отказ на Балардини по само седум кола иако тој имаше добри резултати.
Сега отказ му се заканува и на Јуриќ кој почна добро со 1-1 против Јувентус, но доживеа дебакл во Милано од Интер со 5-0.
Според „Газета дело Спорт“, има тројца кандидати за нов тренер на Џенова, Чезаре Прандели, Давиде Никола и Клаудио Раниери.
Раниери би можел да се врати во Серија А, тој е слободен тренер откако си замина од Нант во мај. Неговата последна работа во Италија беше во Интер во сезоната 2011/12.
Џенова и Наполи играат вечерва со почеток од 20:30 часот, можете да се обложите на BetAdria.com