Клатенбург „завлече нога“, уште еден судија би можел да замине од Премиерлигата

by
1 минути читање

Од Марк Клатенбург почнува нова мода во современиот фудбал, и судиите да прават трансфери во други земји.

Клатенбург ја напушти Премиерлигата и натпреварите под капа на УЕФА, се одлучи да замине на печалба во Саудиска Арабија и таму да биде главен судија.

ФА се надеваше дека Мајкл Оливер би можел да стане нивниот нов број еден судија, но тоа можеби нема да се случи. Според „Сан“, Оливер е посакуван од американската МЛС од каде што веќе има понуда.

Нејасно е дали Мајкл Оливер ќе ја прифати понудата од МЛС и ќе го следи примерот на Клатенбург, но се шпекулира дека преговорите се сериозни и голема е веројатноста тоа да се случи.

Доколку и Оливер замине од Премиерлигата, тоа ќе биде уште еден голем удар нив, па ФА ќе треба да размисли за сериозни промени за да ги задржи најдобрите арбитри во Англија.

Без разлика дали Оливер ќе го следи примерот на Клатенбург, јасно е дека во фудбалот започна еден нов тренд кој ќе стане актуелен, трансфер на судии од Европа во богатите земји кои сакаат да ја развиваат играта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани