109
Искусниот судија,
кој важи за еден од најдобрите во Англија, минатата недела на големо
изненадување реши да ја напушти Премиерлигата и да се пресели во Саудиска
Арабија.
Но на барање на првите луѓе на судиите во Англија, Марк Клатенбург го
одложи трансферот и прифати да остане во Премиерлигата барем до крајот на сезоната.
Денеска тој ја
делеше правдата на дуелот помеѓу ВБА и Борнмут и досуди пенал за гостите по
само четири минути.
Кинг прецизно го
реализираше ударот од белата точка, но домаќините потоа постигнаа два гола и
стигнаа до победа од 2-1.