На дуелот помеѓу
Италија и Уругвај на мундијалот пред шест години, Луис Суарез имаше испад на
теренот и го гризна Џорџо Кјелини при борба за подобра позиција во шеснаесетникот.
Контроверзниот
момент се најде и во книгата која ја објави дефанзивецот. Капитенот а
Јувентус вели дека не му се лути на напаѓачот, напротив му се восхитува.
„Видете, тој е
улично момче. Се восхитувам на неговата пакост, доколку ја загуби, ќе биде само
просечен напаѓач“ – пишува Џорџо Кјелини.
„Ништо чудно не
се случи на тој натпревар. Во поголемиот дел од мечот го маркирав Кавани, уште
едно комплицирано момче за чување, не се штедевме тој ден. Одеднаш, сфатив дека
сум гризнат на рамото. Се случува, таква е неговата стратегија кога се бори за
позиција, кога има контакт, а би кажал дека и мојата стратегија е таква. Суарез
и јас сме слични, сакам да играм против напаѓачи како него“.
„Му се јавив
неколку дена по натпреварот, немаше потреба да ми се извинува. И јас знам да
бидам копиле на теренот и горд сум на тоа“.
„Пакост и
зајадливост се дел од фудбалот, не би рекол дека тоа е мамење. Треба да бидете
интелегентни за да се справите со противникот, знам кога е потребно да
испровоцирам“.