Кјелини ќе се пензионира по крајот на сезоната?

by
1 минути читање

Капитенот на
италијанскиот првак Јувентус, 36 годишниот Џорџо Кјелини размислува за
пензионирање по крајот на актуелната сезона, според пишувањата на „Газета дело
Спорт“.

Кјелини беше вон
терените ланската сезона подолг период, со тоа што се здоби со повреда од посериозен
карактер, а мака мачеше со повредите и оваа сезона.

Со само девет
одиграни натпревари во Серија А оваа сезона, како и договор кој истекува на
лето, весникот тврди дека Кјелини сериозно размислува за пензионирање.

„Газета дело
Спорт“ истовремено информира дека Џанлуиџи Буфон би можел да продолжи уште една
година со „Старата дама“, а клубот од Торино е отворен за продолжување на
соработката и со вториот толман, Војчех Шчесни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани