60
Милорад Мажиќ,
најдобриот српски судија се сели во кинеската Суперлига, таму ќе ја дели
правдата на фудбалските натпревари, а дел од арбитрите е воедно и Англичанецот
Марк Клатенбург.
Кинеската
Суперлига стартува на први март, а српските медиуми шпекулираат околу платата
која Мажиќ би ја добивал на Далечниот Исток, која несомнено ќе биде многу
повисока во однос на неговата заработка во Србија, каде заработуваше до 500
евра од натпревар, или 7.000 евра од меч во Лигата на шампионите или Лига
Европа.
Нема дилеми дека
Мажиќ ќе има идентична плата како онаа на Клатенбург која изнесува околу 570.000
евра на годишно ниво, барем така пишуваат дел од медиумите во Србија.