82
Потврдено е дека
италијанскиот напаѓач Моисе Кин се заразил со ковид-19, а со самото тоа ќе ја
пропушти реванш пресметката со Барселона во осминафиналето од Лигата на
шампионите, откако на гости во првиот меч составот од Париз славеше убедливо со
1-4.
Кин во убедливата
победа против Барселона постигна еден погодок, а во соопштението од страна на
ПСЖ освен што излезе потврдата за неговата зараза со вирусот, дополнително тој
секако и ќе отсуствува на претстојниот меч против Бордо викендов.
21 годишниот Кин
е на позајмица во ПСЖ од редовите на Евертон, а досега прикажа одлични
перформанси во дресот на францускиот првак постигнувајќи 15 погодоци на 27
настапи.