По поразот од Арсенал, Рој Кин смета дека Солшер ако добие отказ тоа ќе биде поради однесувањето на играчите кои како да немаат желба да даваат максимум на натпреварите.
„Оваа сезона веќе ја нарековме „да се биде или не“ за Оле, но во моментов работите не изгледаат добро за него. Играчите немаат ентузијазам да играат фудбал“, вели Кин.
„Понекогаш ќе речете „нема причина за паника“. Но резултатите и игрите сугерираат дека треба да паничите. Оле ќе рече дека играчите негови се добри момци и сакаат да победуваат, но јас ги судам фудбалерите по нивните настапи. Моите очи не ме лажат. Последното разочарување беше пред само неколку недели против Тотнем, потоа тимот реагираше добро неколку меча, и фудбалерите почнаа да се умислуваат“.
„Оле ќе добие отказ поради овие фудбалери, тоа ќе се случи“.
„Навистина сум загрижен за Манчестер јунајтед во моментов. Нема енергија, нема ентузијазам, квалитетот не е на потребното ниво. Тоа ме загрижува. Нема лидери во овој тим“.
Манчестер јунајтед во моментов е на 15. место во Премиерлигата, од шест натпревари имаат освоено само седум бода.