81
„РМЦ Спорт“, „Л’Екип“ и „Телефут“ известуваат дека 20
годишниот напаѓач од редовите на Евертон, Моисе Кин ќе се пресели во
францускиот првак ПСЖ каде ќе настапува како позајмен.
Поранешниот член
на Јувентус се приклучи на Евертон лани по трансферот вреден цели 30 милиони
евра, успеа да постигне само два погодоци на 29 одиграни натпревари за „Карамелите“
во Премиерлигата.
Како што
пренесуваат медиумите во однос на неговата позајмица во ПСЖ, засега останува
непознато дали во истата ќе има и опција за целосен откуп на неговиот договор
со Евертон, кој инаку е со важност до 2024. година.