Киелини: Тоа се само кафански муабети

by
1 минути читање

Наполи имаше водство од 1-0 во Торино, но на крајот Јувентус победи со 3-1, два од головите беа постигнати од пенал.

По мечот од таборот на Наполи беа бесни на судењето, но Киелини таквите обвинувања ги нарекува кафански муабети.

„Вакви кафански муабети сум слушал и претходно. Во неделата го гледав мечот Интер – Рома и победи тимот кој апсолутно ја заслужуваше победата бидејќи доминираше во текот на мечот и беа моќни во секој поглед“ – вели Киелини.

„Отидов на спиење и после видов дека луѓето зборувале за се освен за перформансите на Наинголан, Шчесни и Фазио. Истото се случува и сега“.

„Пред три недели дадов интервју и реков дека ме смеат фановите кога зборуваат за вакви работи, а уште почудно е кога доаѓаат од тренерите. Еден период не се зборуваше за тоа, но во последните три недели нон стоп има такви муабети“.

„На крајот на денот сите контроверзи само ја црпат енергијата од нив и не не допираат нас, ние знаеме што треба да правиме на теренот“.

„Се надевам како добар Италијанец дека Наполи нема да загуби премногу енергија, сакам да го победат Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Среќен сум што имаме две италијански екипи победници во своите групи од Лигата на шампионите, тоа не се случило којзнае од кога“.

„Сакам и Рома да игра добро во Лига Европа исто така, но само во Европа…“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани