Само Џиџо Донарума и Тео Ернандез имаат одиграно повеќе минути од Кеси оваа сезона, тој сигурно ќе биде стартер на утрешниот голем меч против Интер.
„Не е лесно да се игра за Милан, но тие ме ангажираа а тоа значи дека виделе нешто во мене“, вели Кеси.
„Дојде нов тренер, ми беше потребно време да сфатам што сака тој, но кога доаѓа нов тренер, тоа значи дека нешто не работи како што треба и треба да обрнеме повеќе внимание“.
„Утрешниот меч против Интер нема да биде одлучувачки, има уште многу натпревари до крајот. Иако се соочуваме со многу потешкотии, утре ќе го добиеме дербито и ќе се вратииме на врвот на табелата“.
„Ние сме обединета група која ги надминува потешкотиите. Работиме напорно и верувам дека можеме да го освоиме Скудетото. Сите знаат дека во Италија можеш да загубиш од секој тим, дури и од последниот, па тоа што ни се случи не треба да биде загрижувачко“.
Кеси беше и запрашан кој ќе шутира пенал ако има, дали тој или Ибрахимовиќ.
„Ибра, и ќе биде среќен со резултатот“.