Кепа верува дека ќе се врати онаму каде што припаѓа: Ситуацијата не е онаква каква што јас посакувам, но…

by
1 минути читање

Кепа Аризабалага
останува оптимист дека може да го врати првотимскиот статус во составот на
Челси, и покрај фактот што полека но сигурно новото засилување Едуард Менди
станува прва опција по трансферот вреден 22 милиони фунти од Рен.

Се чувствувам
добро, силно, самоуверено, можеби не е ситуацијата не е онаква каква што јас
посакувам, но во животот се искусуваат и такви моменти
“ вели Кепа кој беше под
голем притисок откако подолг период бележеше очајни партии на голот на Челси,
по што во одредени ситуации дури и Вили Кабалеро беше во комбинација.

Имам самодоверба
во себе дека можам да се вратам онаму каде што припаѓам, кога ќе имам можност
да играм ќе дадам максимум од себе
“ додава голманот.

Сите фудбалери
сакаат да играат, јас не ги гледам работите околу себе од ден за ден, во фудбалот
тешко е да гледате на краток или долг временски период, јас сакам да играм, тоа
што го сметам за најблиску е националниот тим, размислувам на таа тема
постојано, а што се однесува пак до Челси, тоа е голем клуб и се чувствувам
среќен што сум дел од него
“ заклучи Кепа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани