173
Колото од Бундеслигата заврши со возбудлив натпревар, Келн со два гола во финишот дојде до бод против Фортуна.
На пет минути до крајот на првото полувреме гостите поведоа со 1-0 со погодок на Караман.
Во 59. минута Келн имаше шанса од пенал да изедначи но Ут го промаши пеналот, голманот Кастенмаер му одбрани.
Казната дојде само две минути подоцна кога Томи постигна гол за водство на Фортуна од 2-0.
Кога речиси никој не ни помислуваше дека Келн може да се врати, Модесте со глава во 88. минута го намали водство на Фортуна на 2-1.
А Кордоба во 91. исто така со глава погоди за израмнување на 2-2 поставувајќи го конечниот резултат.