Ќе гледаме Светско првенство на две години?

by
2 минути читање

Првиот предлог во
однос на оваа тема беше од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, истиот
беше предлог на маса на конгресот на Светската фудбалска организација кој
минатиот месец се одржа во Кигали, Руанда.

Најзасилено овој
предлог се појавува од Јужна Америка, од каде доаѓа веројатно најголемото
расположение да гледаме Светско првенство на секои две години, наместо
досегашната пракса на четири.

Додека постои
дискусија за проширување на Лигата на нации до јужно американските земји, а
постои извесност дека ќе дојде до тоа, претседателот на Конмебол, Алехандро
Домингез има алтернативна сугестија дека промените на Светското првенство се од
големо значење.

Сево ова беше
идеја дадена од претходниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, но, истата не беше
сериозно земена во предвид, а Домингез вели дека промените би донела голема
економска смисла за натпреварите, во однос на кариерите на самите фудбалери кои
би учествувале на големиот турнир.

Секогаш велев
дека ние треба да работиме заедно и никогаш да не велиме
не, јас секогаш велев зошто
да не?
“ рече Домингез во
едно интервју в пресрет на големите финални пресметки од Копа Либертадорес
помеѓу лутите ривали Бока јуниорс и Ривер Плата.

Говорејќи на
оваа тема, јас би сакал да истакнам дека ние постојано ќе го поддржуваме овој
предлог, сакаме да го направиме Светското првенство да се одржува на секои две
години, а не на четири како досега
“ додаде тој.

Наместо да ја
вметнуваме Лигата на нации, ние само треба тоа да го сториме со Светското
првенство, кое е за сите, за фудбалерите кои во тие моменти им треба големо
натпреварување од таков карактер, доколку останеме на еден ваков формат, многу
фудбалери ќе не можат да настапат на повеќе од два вакви турнири
“ заклучи
Домингез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани