25 годишниот македонски
репрезентативец и член на португалски Спортинг од Лисабон, Стефан Ристовски
одлично ја одработи задачата на дуелот против италијанскиот првак европски
вицешампион Јувентус, доби пофални зборови и од тренерот Жорге Жесус.
Сепак, по враќањето на
Италијанецот Пичини во одбраната на тимот од Лисабон, Ристовски повторно се
врати на клупата за резервни фудбалери.
Постојат шанси, но тие
се чини дека се минимални за вечерва нашиот интернационалец да го видиме
повторно во Лигата на шампионите, и тоа на гостувањето кај Барселона.
Извор: uefa.com
Извор: torcedores.uol.com
Од официјалниот сајт на
Европската куќа на фудбалот (уефа) во делот за можни состави на вечерашните
пресметки, Ристовски го нема во почетниот состав, истото важи и за дел од
португалските медиуми кои ја исклучуваат таа опција.
Спортинг Лисабон го има
загарантирано третото место во групата „Д“ кое носи место во Лига Европа,
заостанува само бод зад Јувентус (8), кој пак гостува кај незгодниот
Олимпијакос кој претходно му откина два бода на големиот фаворит Барселона (0-0),
шансите се минимални, но Португалците сигурно дека ќе се потрудат да стигнат до
второто место.