33-годишниот напаѓач во последниот ден од преодниот рок стави потпис на двегодишен договор со Манчестер јунајтед.
Меѓу заинтересираните клубови за неговиот потпис покрај Јунајтед бил и Бока јуниорс, Кавани имал и разговори со потпретседателот Хуан Роман Рикелме.
И покрај тоа што ја одбил Бока за трансфер во Манчестер јунајтед, Уругваецот вели дека би сакал да настапува за аргентинскиот гигант.
„Роман ми пиша со голема почит, сакаше да знам како сум во оваа ситуација, ми понуди одлична плата и имавме добар разговор. Бока е гигант во светот, секој фудбалер би сакал да игра таму. Има неколку Уругвајци кои играле таму“, вели Кавани.
„Има некои тајни во конверзацијата со Роман, треба да го прашате него ако сака да ви каже. Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Би било многу убаво еден ден да заиграм за Бока“.
„Имам двегодишен договор со Манчестер јунајтед и сакам да го дадам најдоброто тука. Се чувствувам добро“.
„Денот кога ќе се вратам во Јужна Америка нема да биде ден кога нема да има што да понудам. Реален сум, сакам да играм фудбал додека се чувствувам добро. Ќе ги одиграм овие две години и ќе видам дали ќе продолжам или ќе се вратам во Јужна Америка“.