Кавани својата кариера би можел да ја продолжи во Бока Јуниорс?

by
1 минути читање

33 годишниот
напаѓач Единсон Кавани се покажа од големо значење за Оле Гунар Солшер сезонава
во Манчестер јунајтед, односно по потреба за ротација во тимот во оваа доста
тешка сезона со пандемија која придонесе за тежок распоред на натпревари.

Договорот на
Уругваецот со „Црвените ѓаволи“ истекува на лето, а обете страни имаат опција и
за дополнителни 12 месеци соработка, меѓутоа постои сериозен интерес од
аргентинскиот легендарен клуб Бока Јуниорс.

„ЕСПН“ тврди дека
аргентинскиот клуб веќе воспоставил контакти со напаѓачот, кој доколку не
остане на „Олд Трафорд“ и идната сезона, би имал опција да потпише за клубот од
„Ла Бомбоњера“.

Кавани инаку
постигна седум погодоци во сите конкуренции за Манчестер јунајтед сезонава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×