Кавани се попишмани, договорот со Атлетико Мадрид не важи, преферира трансфер во Интер

by
1 минути читање

Единсон Кавани
наводно му порачал на Атлетико Мадрид дека договорените услови со овој клуб
повеќе немаат важност, а со тоа станува се
поизвесно дека Уругваецот е пред преселба во
Интер, и тоа како слободен играч на трансфер пазарот.

Договорот на 33
годишниот напаѓач со ПСЖ истекува
ова лето, беше многу близу до трансфер во Атлетико Мадрид, дури и наводно им
дал збор на „Јорганџиите“ пред неколку седмици, меѓутоа „Спорт Медиасет“ сега
тврди дека го известил Диего Симеоне за својата финална одлука.

Кавани е сега
многу близу до другите опции кои ги има, многу веројатно изборот паѓа на Интер,
клуб кој се фокусираше на него откако Дрис Мертенс одлучи да остане во Наполи.

„Спорт Медиасет“
пишува дека уругвајскиот ветеран бара плата од најмалку 8 милиони евра по
сезона, а во моментов заработува 12 милиони евра годишно во својот договор со
ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×