Во трансфер
шпекулациите можеби доминираат имињата на Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Роберт
Левандовски, но и Дарвин Нуњез од Бенфика е на радарот на голем број клубови, и
скаути на гигантите редовно ги следат неговите настапи.
Уругваецот синоќа
уште една покажа дека има голем потенција, ги стави на мака дефанзивците на
Ливерпул и успеа еднаш да го совлада Алисон.
Според пишувањата
на медиумите од Англија, Дарвин Нуњез добива совет да го одбера Манчестер
јунајтед, односно неговиот сонародник Единсон Кавани го убедува да се пресели
на Олд Трафорд.
„Ѓаволите“ ќе
добијат нов тренер и летоска ќе биде започнат нов проект, ќе има голема чистка во
следниот период и се верува дека нов напаѓач е една од желбите.
Бенфика нема
лесно да се откаже од својата млада ѕвезда и бара околу 70-80 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.