Каталонските медиуми пишуваат за скандал, помошникот го советувал судијата дека има фаул од Рамос над Ленгле!

by
1 минути читање

Реал Мадрид си
замина од Камп Ноу со триумф од 1-3 а клучниот момент на мечот се случи по еден
час игра, кога со помош на ВАР беше досуден пенал во корист на гостите откако
Ленгле го повлече за дрес Рамос.

Каталонските
медиуми велат дека дошле до аудио снимка од разговорот помеѓу судиите,
помошникот го советувал арбитарот Мартинез Мунуера дека всушност најпрво има
прекршок од Рамос на Ленгле и не треба да биде досудена најстрога казна.

„Има фаул од
Рамос, фаул од Рамос. Рамос прв го фати противникот за дрес“
– е дел од комуникацијата.

За ваките стории,
претседателот на Барселона порача: „Знам дека се снимаат разговорите помеѓу
судијата и пошниците, ќе видиме што можеме да сториме, ќе ги браниме нашите
права“.

Во меѓувреме,
Барселона испрати допис до Фудбалската федерација на Шпанија, „каталонците“ се
жалат дека се оштетени и дека ВАР не се применува на ист начин на сите
натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани