Каспер Шмајхел се пензионираше на 39 години

by Стефан
1 минути читање

Данскиот голман Каспер Шмајхел официјално стави крај на својата богата играчка кариера, откако поради сериозна повреда на рамото реши да се повлече од професионалниот фудбал. Иако имаше активен договор со Селтик до следното лето, 39-годишниот чувар на мрежата донесе одлука да замине во пензија поради здравствените проблеми што го мачеа во изминатиот период.

„Секој фудбалер посакува збогувањето да му биде на теренот, но работите не секогаш се одвиваат како што сме замислиле. Зад мене остануваат многу години исполнети со незаборавни моменти и чувствувам дека фудбалот ми даде сѐ. Најмногу ќе ми недостигаат атмосферата во соблекувалната, пријателствата и миговите што ги делев со соиграчите“, изјави Шмајхел, додавајќи дека сега е време за ново животно поглавје.

Најголемиот успех во кариерата го оствари со Лестер со кој сензационално ја освои титулата во Премиер лигата. По заминувањето од Лестер во 2022 година, настапуваше за Ница и Андерлехт, а од 2024 година беше дел од Селтик.

Каспер е син на легендарниот Петер Шмајхел, еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×