Касиљас ќе може да се опие од пивата на Меси, ќе добие дури 17, а пиво ќе има и за нашиот Димитриевски

by
1 минути читање

Произведителот на пиво кој е и спонзор на Меси, направи 644 пива кои ќе ги испрати до 160 голмани кои имаат примено погодоци од Меси. На секое пиво има реден број од погодокот на Аргентинецот и секој голман ќе добие толку пива колку што примил голови од него.

Пиво ќе има и за македонскиот голман Столе Димитриевски кој во дресот на Рајо Ваљекано има примено еден погодок од Меси.

А најмногу пива ќе добие Диего Алвес, голманот кој сега ја чува мрежата на Фламенго, но додека беше голман на Валенсија прими дури 21 погодок од Меси.

Втор на листата е Горка Ирајзос со 18, за Икер Касиљас ќе има 17 пива, легендата на Реал Мадрид толку пати ја вадеше топката од мрежата по погодоци на Лео Меси, сега ќе може да се опие од количината на пиво која ќе стигне на неговата адреса и да ужива во празниците.

Завидна количина на пиво ќе добие и Јан Облак кој има десет гола примено од Меси. А прв на социјалните мрежи се пофали Буфон со две пива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×