Мајкл Карик во
2004. година чувствувал дека има потреба од поголеми предизвици во својата
кариера откако во тој период настапувал за тогаш, второлигашот Вест Хем, а
вратите му биле отворени во неколку поголеми клубови, меѓу кои и Арсенал.
Поранешниот
репрезентативец на Англија дури и имал директна средба со Арсен Венгер во домот
на поранешниот шеф на стручниот штаб на Топчиите, а договорот требало да се
официјализира во понеделник, но, ден претходно Арсенал имаше натпревар со
Манчестер јунајтед во Комјунити Шилд, а во услови кога Виеира беше повреден, тогаш 17 годишниот Фабрегас доби
животна шанса да се докаже пред францускиот стратег.
„Речиси еден час
седев наспроти главната соба на Арсен Венгер, во неговата куќа, се удирав себе
си. Се прашував дали е ова можно да се случи. Арсенал! Дали би можел да се
најдам во тим составен од неверојатни фудбалери кои минаа цела сезона
непоразени?“ сведочи Карик во својата автобиографија.
„Зборувавме
речиси еден час за фудбал, Венгер го очекуваше дуел со Манчестер јунајтед во
Комјунити шилд тој викенд, а потроши еден час на разговор со мене, со тоа бев
сигурен дека е заинтересиран за моите услуги, тој ми рече ‘нека помине нашиот натпревар, па ќе се
видиме во понеделник’ тоа ми
го порача на крајот од разговорот“ открива моментално помошникот на Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед.
„Кога дојде
недела, сакав да го гледам натпреварот на Арсенал, мојот следен тим, тогаш го
видов како дете, 17 годишниот Цеск Фабрегас, како стартува на местото на
повредениот Виеира. Фабрегас одигра одлично, но, воопшто не размислував на таа
тема, вечерта седев дома и го чекав повикот од Арсенал, до тоа не дојде.
Утредента, мојот агент Дејвид Гејс ми се јави и ми рече дека не сум им бил
потребен, Фабрегас веќе зазема место во тимот со неговите одлични изданија“
заклучува Карик.