Капитенот седи веднаш до мене, рече Солшер по што следеше урнебесна реакција на Фернандеш (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед вечерва гостува кај ПСЖ во првото коло од групите во Лигата на
шампионите, а шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“ донесе една доста
интересна одлука за тоа кој ќе го замени Хари Мегваер за капитентската лента.

Реакцијата на
Бруно Фернандеш доволно говори, токму на Португалецот му е доделена таа чест, а
неговата реакција доволно говори откако одлуката ја дозна на самата
пресконференција во пресрет на дуелот во Париз.

Капитенот седи
веднаш до мене, Бруно ќе биде капитен на дуелот со ПСЖ
“ рече Солшер на
прашањето на новинарите за тоа кој ќе го замени Мегваер кој инаку ќе отсуствува
на пресметката, а Фернандеш видно изненаден од таа одлука.

Не го очекував
ова, дознав во моментот кога и вие го дознавте тоа, секако, ова е голема чест
за мене, да бидам капитен на моите соиграчи, како и да бидам капитен на
Манчестер јунајтед, ова е навистина големо достигнување за мене
“ рече Бруно.

26 годишниот
плејмејкер стана водечка фигура на теренот во составот на Солшер по трансферот
од Спортинг Лисабон во јануари годинава, досега постигна 11 погодоци, а запиша
уште и 9 асистенции на 18 натпревари во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани