Капитенот на Германија брутално искрен: Само ние сме виновни, се мачевме со репрезентации кои не се светска класа!

by Стефан
1 минути читање

Парагвај по изведување пенали ја елиминираше Германија во осминафиналето на Светското првенство, откако натпреварот во Фоксборо заврши без победник (1-1). Во пенал-рулетот посмирени и попрецизни беа Парагвајците, кои обезбедија место меѓу 16-те најдобри селекции, каде што ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Франција и Шведска.

За Германија ова е уште едно големо разочарување на светските шампионати. Четирикратниот светски првак веќе трет Мундијал по ред не успева да остави сериозна трага, по двете елиминации во групната фаза на претходните турнири, сега настапот го заврши уште на првата елиминациска пречка.

По натпреварот пред медиумите застана капитенот Џошуа Кимих, кој го одигра својот 114. настап за националниот тим и без задршка ја презеде одговорноста за неуспехот.

„Дојдовме овде со желба да ја направиме Германија горда. Како дете секогаш ја гледав Германија како игра во полуфиналиња и финалиња. Овојпат не успеавме да им го овозможиме тоа на луѓето што нè следат дома. Мислам дека на луѓето во Германија им е потребно нешто со кое ќе се гордеат, а за жал, тоа не сме ние.

Ние, фудбалерите на теренот, згрешивме и ја преземаме целата одговорност. Не е виновен селекторот, ниту медиумите, судиите или противниците. Единствено ние сме виновни. Не одигравме добро против ниту еден ривал. Во три натпревари имавме сериозни проблеми против селекции кои не се светска класа. Тоа е факт. Сосема заслужено сме елиминирани“, изјави Кимих.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×