126
Англичанецот беше
капитен на Арсенал на дуелот со нисколигашот Сатон во петтото коло на ФА Купот.
Тој се избрука
пред почетокот на средбата откако на традиционалната размена на знаменца пристигна
со празни раце, и го извиси капитенот на Сатон на најголемиот натпревар во
историјата на клубот.
Сепак, Тео Волкот
се искупи по крајот на средбата.
Напаѓачот, кој
вчера го постигна погодокот број 100 во дресот на Арсенал, по последниот свиреж
ја посети соблекувалната на Сатон, се поздрави со сите играчи а потпиша и некој
дрес.