940
Порто загуби во Торино но го елиминираше Јувентус. Клучниот момент се случи во второрото судиско продолжение кога Оливеира од слободен удар биеше под живиот ѕид и го совлада Шчесни.
Фабио Капело вели дека голема вина за голот сноси Кристијано Роналдо, ЦР7 скокна и се сврте со грб кон топката.
„Ваква грешка е непростлива“ – вели Дон Фабио, кој вечерва беше стручен коментатор за Скај Италија.
„Во мое време, ги одбиравме фудбалерите кои ќе стојат во живиот ѕид и тоа беа играчи кои не се плажеа од топката“.
„Роналдо, Рабио, Мората… се исплашија од топката, скокнаа, го свртеа грбот. Тоа е неприфатливо“.