Капело: Роналдо е играчот кој ми правеше најмногу проблеми, во соблекувалната мирисаше на алкохол

by
1 минути читање

Дон Фабио имаше
прилика да соработува со Роналдо во Реал Мадрид, иако се работеше само за шест
месеци, Бразилецот оставил голем впечаток кај искусниот италијански стратег, и
во позитивна и во негативна смисла.

„Најголемиот
талент кој го тренирав е Роналдо, „дебелкото“ за да се разбереме подобро. Но во
исто време тој беше играчот кој ми правеше најмногу проблеми во соблекувалната.
Обожаваше да организира забави“
– вели Капело.

„Еднаш ми пријде
Ван Нистелрој и ми рече, „Мистер, цела соблекувална мириса на алкохол““.

Капело, исто така
додава дека таа сезона Реал стигнал до титулата благодарејќи на трансферот на
Роналдо во Милан во јануари.

„Роналдо се
пресели во Милан и ние почнавме да победуваме. Но ако зборуваме за талент, тој
е број 1, нема сомнеж во тоа“
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×