Искусниот
италијански фудбалски стратег Фабио Капело објасни зошто првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси би останал во клубот и покрај фактот што на лето му
истекува договорот, а би можел да биде слободен играч на трансфер пазарот.
Аргентинецот на
големо се поврзува со ПСЖ, кој синоќа со 1-4 ги совлада Каталонците во Лигата
на шампионите, а се споменува и Манчестер Сити, каде повторно би можел да
соработува со Пеп Гвардиола.
„Јас сметам дека
Меси ќе остане во Барселона, не верувам дека ПСЖ ќе потроши онолку колку што се
наведува“ смета Капело во изјавата за „Скај Спорт“.
„Лапорт е главен
кандидат за да биде новиот претседател на Барселона, тој е во одлични односи со
Меси, тој го сака клубот, сите го сакаат него во клубот, не гледам никакви
шанси за Меси да се приклучи на ПСЖ“ додава Капело алудирајќи на тоа дека
новиот претседател на Барселона во најава би можел целосно да ја промени
сликата со Меси.
„Со Лапорта, тој
ќе биде фокусиран на тоа да се изгради Барселона како подобар тим од тоа што е
во моментов“ заклучи Италијанецот.