62
Капело кој во овој период работи како фубалски аналитичар, не се штедеше во критиките против Јувентус кој синоќа беше елиминиран од Порто и покрај тоа што повеќе од еден час играше со фудбалер повеќе.
„Алегри ги однесе двапати во финалето од Лигата на шампионите и паралелно постојано ги освојуваше првенствата. Неговиот успех никогаш не го истакнаа, велеа дека им треба поинаков фудбал, нешто ново. Овие работи мора да се кажат. Кога се обидувате да направите нешто поинакво, не секогаш влегувате во работи кои се убави и позитивни“, вели Капело.