87
Не криеше дека црвениот картон на Андер Ерера (35. минута) им ја олеснил работата.
„Среќен сум што повторно постигнав гол и што победивме. Ова е убава победа, но беше тежок натпревар, Манчестер е добра екипа. Сепак, откако добија црвен картон беше полесно. Задоволство е да се пласираме во следниот круг и да се обидеме да влеземе и во финалето“, изјави Канте.
Тој беше стрелец на голот кој го реши натпреварот, со удар од далечина, во 51. минута. Противник на Челси во полуфиналето е Тотенхем, додека во вториот дуел ќе се пресметаат Арсенал и Манчестер сити.