Французинот, кој
важи за еден од најскромните фудбалери, оваа недела се најде во центарот на
вниманието поради документите на „Фудбал ликс“.
По неговиот
трансфер во Челси, на Нголо Канте му бил даде совет да основа офшор компанија
во даночен рај каде ќе добива дел од платата, поточно пари за имиџ правата и ќе
заштеди еден милион евра на име на даноци.
Иако играчот во
прв момент се согласил, откако прочитал како оваа практика им направи проблеми
на други фудбалири како Меси и Роналдо, тој одбил да ги потпише документите за
финализирање на трансакцијата.
И додека
документите од „Фудбал ликс“ го прикажаа во добро светло, тоа не може да се
каже и за неговите агенти.
Во 2016 на адреса
на Нголо Канте пристигнаа понуди од многу клубови, ПСЖ загриза сериозно но
Челси беше тој кој го купи играчот за 38 милиони евра. Една од причините
поради која „Светците“ ја загубиле битката е тоа што рацете им биле врзани
и можеле на агентите да им исплатат само 10% провизија од трансфер сумата,
колку што налагаат законите во Франција.
Англичаните
немаат ограничувања, па агентите од Челси си лапнале преку 30% провизија
односно 12 милиони евра. Грегори Дакад добил 7,2 милиони евра, додека пак Абделкарим
Дуис инкасирал 4,8 милиони евра.
Кога Марина
Грановскаја, десната рака на Роман Абрамович, го известила рускиот милијардер
за деталите од зделката, мејлот започнал со предупредување: „Немој да се
онесвестиш“.