Голманот на
Челси, Вили Кабалеро јавно упати поддршка до својот соиграч Н’Голо Канте во неговата одлука да не
тренира со екипата поради стравувања од компликации од можна зараза со
Ковид-19.
Францускиот
репрезентативец доби дозвола од клубот да ги прескокне тренинзите уште
претходната седмица, а воедно доби и дозвола да го пропушти остатокот од сезоната,
и тоа лично од Френк Лампард.
„Сево ова е многу
разбирливо, беше негативен на тестирањето за Ковид-19, но имаше лош период во
текот на карантинот со симптоми на вирусот, симптоми кои му го донесоа овој
страв“ вели 38 годишниот Кабалери.
„Ние сите го
почитуваме него, ќе сочекаме да се почувствува сигурен кога ќе се врати,
бидејќи вистината е дека ова што го правиме треба да бидеме сигурни, да имаме
самодоверба, а откако ќе почнеме одново, ние сите треба да бидеме заедно“
додава Аргентинецот.
Причините за
таквата одлука кај Канте е сосема разбирлива, ако се земе во предвид дека тој
имаше здравствени проблеми во минатото, пред две години за момент загуби свест
во соблекувалната од тренинг центарот на Челси, а го загуби и својот брат кој
почина од срцев напад.
„Канте е многу
смирена особа, многу вреден, работи напорно, секогаш е насмеан, тој мора да има
негови причини за да крене рака и да каже што мисли да каже, ние имавме редовни
разговори на социјалните мрежи, заедно со Лампард и останатите фудбалери, тој
самиот кажа дека не се чувствува безбедно по своето здравје да се врати на
тренинзите поради тоа што го помина изминатите седмици, ние сите знаеме дека
тој е фудбалер кој сака да тренира, не знае да лаже, го поддржуваме, а воедно и
почитуваме Канте“ заклучи Кабалеро.
Во Премиерлигата
во полн ек се работи на т.н. „Проект Рестарт“ со кој се предвидува враќање на
фудбалските возбудувања во тоа првенство, а кога сме кај Канте, тој „застана“
со тренинзите од 19. мај.