Јувентус би немал
ништо против да го пушти Жоао Кансело да си замине, и тоа за сума од околу 50
до 60 милиони евра, а Манчестер Сити е првата опција на Португалецот.
Според
известувањата на Ла Газета дело Спорт и Кориере Дело Спорт, искуството на
Кансело во Торино може да заврши по само една сезона.
Тој ја чинеше
Старата дама 40 милиони евра по трансферот од Валенсија, претходно играше и на
позајмица во редовите на Интер, меѓутоа покажа одредени слабости во играта и
имаше неколку грешки, особено во Лигата на шампионите, нешто што веројатно го
предомисли Јувентус.
Се верува дека
односото со Масимилијано Алегри е на едно тензично ниво, па се’ поизвесно е дека за Португалецот тешко
дека би имало место во тимот на Старата дама за идната сезона.