Кандидатот за претседател на Барселона крои планови како да го врати Гвардиола

by
2 минути читање

Кандидатот за
претседател на Барселона, Виктор Фонт посакува да го врати Пеп Гвардиола на
клупата на каталонскиот гигант, а со тоа да се врати тимот на старите
победнички патеки.

Фонт верува дека
најдобриот начин да се задржи првата ѕвезда во тимот, Лионел Меси, е воедно да
се договори враќање на Пеп Гвардиола на клупата како тренер.

Жозеп Мариа
Бартомеу е веќе минато за Барселона откако си поднесе оставка во клубот, по
неколку месечни критики на негова адреса за начинот на кој го водеше клубот.

Како и да е, Фонт
тврди дека има добар план за тоа како да го врати клубот на старите победнички
патеки, а првично ќе ја започне операцијата за враќање на Гвардиола, а покрај него ги спомена и останатите легенди на клубот како Чави, Иниеста, односно Пујол.

Повеќето од
најдобрите професионалци кои добро го знаат овој стил на игра, а исто така се фанови
и го сакаат клубот, како Пеп Гвардиола, Чави, Андрес Иниеста, Карлес Пујол…
Сиве овие се легенди кои ја имаат Барса во своето срце, меѓутоа не работат во
клубот, потребно е да ги вратиме за да се осигураме дека ќе имаме навистина
голем проект
“ вели Фонт.

Единственото
нешто што му е потребно на Меси е да знае дека е дел од еден голем проект кој
инспирира победа во Лигата на шампионите, а ние немаме никакво сомневање во тоа
дека нашите цели првично би можеле да ги реализираме со останувањето на Меси во
тимот
“ додаде тој.

Се верува дека
големиот срам претрпен од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, односно поразот
од 8-2 дополнително го налути Меси по сите случувања во Барселона за јавно да
обзнани дека си заминува, меѓутоа проблемите околу клаузулата на крајот го
натераа Аргентинецот да остане, а Бартомеу на крајот се повлече од
претседателската функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани