Калверт Луин не запира, два гола на Хамес Родригез, Евертон ваков старт немал 126 години! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Карамелите“ го задржаа 100% учинок, денеска го совладаа Брајтон за четврта победа во Премиерлигата, избраниците на Карло Анчелоти без многу проблеми стигнаа до нови три бода.

Калверт Луин, откако ги тресеше мрежите на претходните три меча, денеска го отвори резултатот во 16. минута, а една грешка на голманот Пикфорд овозможи Мопе да изедначи на 1-1 во 41. минута.

Сепак, во третата минута од судиското надополнување, Хамес Родригез убаво нафрли од прекин а Мина донесе водство од 2-1.

На стартот од вториот дел, Хамес Родригез ја затресе мрежата на Брајтон за 3-1, Колумбиецот потоа во 70. минута погоди по втор пат за 4-1.

Во последните минути од мечот, Бисума со удар од далечина постигна прекрасен гол за 4-2 и го ублажи поразот.

За Евертон ова беше седма победа во низа во сите натпреварување оваа сезона, па беше изедначен рекорд стар 126 години. Последен пат седум победи во серија на стартот биле забележани во сезоната 1894/95.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани