Во изминатите
неколку седмици на големо се најавува дека Пеп Гвардиола би можел да го
преземе кормилото на италијанскиот првак Јувентус, се вели дека шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити е огромна желба на првиот човек на Старата
дама, Андреа Ањели, заедно со Зинедин Зидан, кој сепак се врати на клупата на
Реал Мадрид.
Калчомеркато
пишува дека во изминатите неколку месеци постоеле позитивни контакти помеѓу
обете страни, а Гвардиола не ја затворил и целосно отфрлил можноста да седне на
клупата на тимот од Торино.
Граѓаните
целосната империја ја изградија токму околу него, неговите желби на трансфер
пазарот речиси секогаш беа исполнети, а што би можело да ја расипе таа
позитивна релација помеѓу Гвардиола и Премиерлигашот? Замрзнување на трансфер
пазарот или казна за англискиот клуб во услови на преговори, пишува
Калчомеркато во однос на единствениот услов кој би го преселил Гвардиола во
Јувентус.