73
Коњаспор ја
продолжува големата битка за опстанок во елитното друштво на најсилниот
фудбалски шампионат на Турција.
Тимот на нашиот
Адис Јаховиќ одигра реми без голови на гостувањето кај Османлиспор, а бод во
една ваква ситуација и тоа како е вреден за Коњаспор.
Интересно беше во
финишот од средбата во Анкара, поточно во 88. минута, Самуел Ето чекаше крај
аут линијата да го замени нашиот Јаховиќ, а тој се реши во акцијата која беше
во тек да упати силен и доста прецизен удар кон голот на домаќините, Ето
предвреме истрча да се радува на голот, кој го очекуваше, но одлична
интервенција имаше голманот кој спречи водство, а можеби и победа за Коњаспор.
class="twitter-video" data-lang="en">