Србија издвојува
голема победа на гостувањето во Осло, со 1-2 ја совлада Норвешка и се пласираше
во финалето на плеј-офот за Европското првенство. Херој е Сергеј Милнковиќ Савиќ,
кој дремеше ма клупа 80 минути, а потоа влезе и постигна два гола.
Во 82. минута од
мечот, по еден прекин, Митровиќ спушти на пет метри а СМС погоди за 0-1. Сепак
голот не беше доволен, Норман во 88. минута биеше прецизно по земја за 1-1 и го
однесе мечот во продолженија.
Во 102. минута,
се случи потегот на вечерта, Милинковиќ Савиќ доби топка на работ од петерецот,
реши да лобува наместо да бие силно, ги збуни сите и постигна неверојатен гол
за 1-2 и големо славје.
Во финалето
пласман обезбеди и Унгарија со победа од 1-3 над Бугарија, како и Исланд со
триумф од 2-1 над Романија.
На дури три меча
се изведуваа пенали, во Сараево, БиХ загуби од Северна Ирска, Словачка дома
беше подобра од Ирска а Шкотска беше поуспешна од Израел.
Финале плеј-оф (12. ноември):
Унгарија – Исланд
Северна Ирска – Словачка
Србија – Шкотска
Грузија – Македонија