Каква глупост на Ларсен во последните секунди, Милан од пенал во 97. минута се спаси од пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кикс на Милан против Удинезе, избраниците на Пиоли освоија само бод, кој всушност е премија со оглед на тоа дека беше освоен во 97. минута и тоа по глупост на Ларсен во последните секунди од мечот.

Бекао најави изненадување на Сан Сиро откако го совлада Донарума во 68. минута. „Росонерите“ се мачеа и кога се чинеше дека гостите ќе си заминат со победа, во последниот напад, откако истекоа 5-те минути судиско надополнување, Ларсен играше со рака а Кеси од белата точка донесе 1-1.

Нашиот Илија Несторовски одигра цел натпревар и имаше една добра можност да ја затресе мрежата, но Ромањоли го спречи на гол линијата.

На останатите натпревари од 20:45 часот, Аталанта со убедливи 5-1 ги совлада Кротоне, Рома со 1-2 славеше на гостувањето кај Фиорентина, Каљари врза две победи и со 1-0 ја совлада Болоња а Верона со 0-3 тирумфираше против Беневенто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани