71
Лацио поведе во 15. минута со гол на Переира, но поминаа само девет минути а Торино веќе водеше со 2-1, погодоците беа дело на Бремер и Белоти.
По четири минути игра во вториот дел Миликовиќ Савиќ изедначи на 2-2, а Лукиќ во 87. минута погоди за предност на Торино од 3-2.
Кога се очекуваше дека домаќинот ќе победи, најпрво Имобиле од пенал во 95. минута постигна гол за 3-3, а потоа Каиседо во 98. реализираше за победа на Лацио од 4-3.