38
Нов силен удар за Тотнем во една од најтешките сезони во последните години, откако тимот остана без важен адут во финишот од битката за опстанок.
Чави Симонс заработи тешка повреда на коленото и ќе биде надвор од терените подолг период, со што практично ја заврши сезоната. Лошата вест е удар и за репрезентацијата на Холандија, бидејќи офанзивецот ќе го пропушти и Светското првенство.
Ова е голем пех за Симонс, бидејќи во последно време почна да ја крева формата и заигра сосема солидно во дресот на „петлите“.
Проблемите за тренерот Роберто Де Зерби дополнително се продлабочуваат, бидејќи повреда заработи и напаѓачот Доминик Соланке.