Како во шпанските серии: Хулк се разведе со сопругата, а сега во неговите прегратки е нејзината внука (ФОТО)

by
2 минути читање

Многумина сметаат
дека Хулк можеше повеќе во својата кариера, секако, на тоа љубителите на
фудбалот алудираат дека Бразилецот можеше и во позвучни клубови, но, сигурно не
мислат на тоа дека би можел повеќе да го наполни џебот од тоа што го заработи
во својата кариера.

Медиумите во Бразил
сега се занимаваат со неговиот приватен живот, откако 31 годишниот напаѓач кој
моментално игра во Кина се разведе со веќе поранешната сопруга Иран Анхело, со
која беше во брак 12 години, а со неа има и три деца, тој си најде нова љубов,
тоа не би било ништо спорно и чудно додека дознаете која е новата љубов на
Хулк.

Бразилските
медиуми известуваат дека Хулк сега е во врска со внуката на својата поранешна
сопруга, а Камила пак, премногу наликува на својата тетка…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани