Како стои Ибрахимовиќ во споредба со најдобрите напаѓачи во Европа оваа сезона (ФОТО)

by
2 минути читање

„Ибракадабра“ е
во центарот на вниманието на медиумите од „Островото“ откако на 35 години со
леснотија ги тресе противничките мрежи во Премиерлигата.

Напаѓачот, кој со
два гола му донесе на Манчестер јунајтед трофеј од Лига Купот во неделата, е
прв стрелец на „Црвените Ѓаволи“ и има постигнато 26 погодоци во сите
натпреварувања.

Па Скај Спортс
реши да направи анализа на неговите бројки и да го спореди со најдобрите
напаѓачот во петте најсилни првенства на Европа.

Во поглед на
бројот на постигнати погодоци во првенството, Златан Ибрахимовиќ е на
последното 20 место со 15 голови зад своето име.

Прв на листата е
неговиот поранешен соиграч од ПСЖ, Единсон Кавани со 26 голови.

Ибра во просек
има 4,3 шутеви по натпревар, а во оваа категорија само тројца играчи се подобри
– Кристијано Роналдо (5,9), Един Џеко (5,1) и Лео Меси (5).


Кога е во прашање
реализацијата, Швеѓанецот е при дното, тој во погодок претвара само 14,7% од
шутевите, и послаб од него е само Един Џеко (14,3).

Исто така и
прецизноста на Ибра е далеку од најдобрите, неговите 41,2% се доволни само за
15. место.

Но затоа пак
напаѓачот е еден од најкреативните, тој е трет по бројот на клучни додавања
(1,9), и пред него се само Алексис Санчез (2,5) и Лео Меси (2,3).

Првиот стрелец во
Европа до овој момент, Единсон Кавани нема ниту една асистенција  и креира само 0,5 шанси по натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани