Среќниот Ване Лесноски уплатил седум тикети со слични натпревари, сите носеле максимална добивка. Два тикети уплатил на 23. јануари, пет следниот ден. Откако претходно ги фатил сите, последните натпревари ги чекал синоќа во обложувалница заедно со своите пријатели.
Откако завршиле натпреварите од Лигата на шампионите, Лесноски стана побогат за неверојатни 520.000 илјади евра. Убедливо најголема добивка во Македонија од обложување на спортски натпревари.
„Го чекав резултатот од последниот натпревар од Лигата на шампионите Севиља – Манчестер јунајтед и се тресев во исчекување. Секоја секунда беше голема неизвесност и голаме возбуда а навидум бев мирен. Се трудев да бидам мирен, да ги држам чувствата под контрола. Ми беше како во магла, кога го слушнав резултатот занемев. Опасно е ако не ги контролираш чувствата. Играм со мали пари, често се обидувам да стигнам до голема добивка, си велам ако падне да падне. Лани ова време добив 25.000 евра. Таа ми беше најголемата добивка, но не се споредува со ова“, вели Ване Лесноски во интервју за МИА.
Локалниот прилепски весник „Зенит“ објави и видео од последните моменти на исчекување на Ване Лесноски.
Седумте историски тикети:
Честито мајсторе!