Како ли би реагирал Икарди на ова: Диего Годин ќе има најголема плата во Интер?

by
1 минути читање

Диего Годин се
очекува да стане најплатениот фудбалер во редовите на Интер кога ќе се приклучи
од Атлетико Мадрид, дури и поскапо платен од првата ѕвезда на тимот, Мауро Икарди (4,9 мил. евра).

Според
информациите кои ги објави Газета дело Спорт, Уругваецот ќе стави потпис на
тригодишен договор со Нероаѕурите, со кој би заработувал 6,75 милиони евра од
сезона.

Таа плата на
Годин би го направила најскапо платениот фудбалер во составот на Интер, а
истата би била поголема дури и од неговата плата во Атлетико Мадрид за цели
35%.

Се верува дека
Интер првично му понудил двегодишен договор на 33 годишниот дефанзивец, но, тој
пак, инсистирал на тригодишен договор.

Во текот на вчерашниот ден, Кадена Копе пренесе дека Годин ја одбил понудата од Атлетико Мадрид за продолжување на соработката на дополнителни две години, со 7 милиони евра плата од сезона, веројатно Уругваецот силно посакувал нешто повеќе од двегодишен договор, па можеби и затоа Нероаѕурите биле солиден избор за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани