Три погодоци во
полуфинале од Лигата на шампионите, а доколку тоа не беше доволно, вреди да
потсетиме дека токму Лукас Мура постигна еден мошне важен гол, решавачки за
Премиерлигашот да се најде во осминафиналето од елитното европско клупско
натпреварување.
Во последното
коло од групната фаза Тотнем гостуваше кај Барселона, Англичаните се изборија
за реми (1-1), иако со идентичен број бодови со Интер, токму тие продолжија во
елиминационата рунда, а токму Мура го постигна голот кој сега вреди злато за
тимот од Лондон.
Бразилецот синоќа
беше вистински херој за Тотнем во победата кај Ајакс (2-3), постигнувајќи
хет-трик, Покетино од него направи фудбалер од кого се очекуваше да биде токму
тоа што беше синоќа на пресметката во Амстердам, иако Бразилецот „настрада“ во
ПСЖ и не доби адекватна прилика за докажување.
Спарси за него
издвоија 30 милиони евра пред година ипол, а сега таа инвестиција им вреди
злато по пласманот во големото финале од Лигата на шампионите, а „Калчомеркато“
пренесе како поранешниот спортски директор на ПСЖ, Леонардо му го украл пред нос Мура од
Интер.
Во август 2012.
година, офанзивецот беше близу трансфер во Интер, претседателот на Нероаѕурите
заедно со директорот на клубот Бранка отпатуваа во Бразил на финални преговори
со тогашната ѕвезда на Сао Паоло, преговорите траеа неколку седмици и постоеа
позитивни знаци Бразилецот да се пресели во Серија А.
Договорите паднаа
помеѓу обете страни, но, недостасуваше договорот со бразилскиот клуб, кој
очигледно дека имал добра причина да направи мал застој кој целосно го промени
текот во тие преговори.
Во последен миг,
исто како и голот во фото-финишот синоќа, Леонардо презел контрола за потписот
на Мура, моментално спортскиот директор на Милан, му го украде Бразилецот од
пред нос на Интер, нудејќи 45 милиони евра за него, со што направи голема
разлика.
Бразилецот се
разви, меѓутоа не толку колку што многумина очекуваа, сепак, сезонава постигна
гол со кој го елиминираше Интер уште во групната фаза од Лигата на шампионите,
а синоќа постигна хет-трик со што го одведе Тотнем во големото финале од
овосезонската Лига на шампиони кое ќе се одигра Мадрид, а противник за
европската титула ќе биде Ливерпул.
Инаку, во прилог на веста, вреди и да додадеме за фактот дека општо познато е дека „Л’екип“ ретко оценува со десетка во своите извештаи, токму Бразилецот се закити со едно такво признание и влезе во едно ретко друшто, откако доби највисока оценка од францускиот медиум за синоќешната пресметка на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.
Les notes de ce Ajax – Tottenham dans @lequipe du jour. 10 pour Lucas. @SpursFR #AJATOT pic.twitter.com/yjucA6DV7T
— Tom MASSON (@MassonTom1) May 8, 2019