Полјакот важи за
еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, и за тоа голема заслуга има
Јирген Клоп, под чие водство во Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски заблежа
огромен напредок.
„Тој беше оној
кој веруваше во мене” –
вели Левандовски. „Не бев толку добар кога пристигнав во Дортмунд, тој ме
направи подобар”.
Харизматичниот
Германец на младиот напаѓач му понудил опклада, а правилата биле едноставни,
оној кој ќе погодел повеќе шутеви добивал 50 евра.
„Во првите три
или четири месеци на трензите имавме една игра, тој против мене. Имаше и
опкалада”.
„На почетокот тој
постојано победуваше! Но потоа, не баш толку. На крајот губеше! Не сакаше
повеќе да игра! Се работеше за 50 евра од натпревар и на крајот јас бев во
плус!”
„Тогаш за прв пат
видов колку е важно да се тренира”.
„Видов што треба
да правам на теренот кога ја немам топката. Погледнете го Ливерпул и како тие
играат со пресинг. Тоа го начив од него”.
„Клоп исто така
го подобри мојот финиш. Кога дојдов во Дортмунд, не бев толку добар. Ми кажа да
се подобрам, и ми покажа како да го сторам тоа”.