482
Поради навредите
упатени кон фановите на Ред Бул Лајпциг, Фудбалската Федерација на Германија ја
казни Борусија Дортмунд со еден натпревар без своите најверни навивачи.
За денешниот дуел со Волфзбург, беше затворена легендарната јужна трибина, на
која има преку 25.000 фанови на секој натпревар.
Сигнал Идуна Парк
без „Жолтиот ѕид“ и извонредната кореографија и атмосфера која ја креираат
навивачите изгледа чудно.