Во недела на програмата
е дербито на Манчестер, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо одново ќе ги вкрстат
копјата. Нивното ривалство трае една декада и започна кога двајцата во 2008
конкурираа за кормилото на Барселона.
„Каталонците“
тогаш решија да се коцкаат и го го промовираа неискусниот Пеп Гвардиола, кој
потоа направи фудбалска револуција и под негово водство Барса го играше
најубавиот фудбал во историјата и ги освои симпатиите на фудбалските љубители
ширум светот.
За четирите
години на Пеп Гвардиола на Камп Поу е направен документарецот „Take the
ball, pass the ball“ кој денска ќе
биде прикажан. Во него се отркиваат детали од разговорите на дирекорите на
Барселона, нивните размислувања и зошто на крајот се одлучиле за Шпанецот.
„Процесот беше
долг бидејќи имаше членови на бордот кои го сакаа Мурињо“ – вели тогашниот
претседател Жоан Лапорта.
„Нивниот став
беше дека ни е потребен тренер кој веднаш ќе донесе резултати. Со оглед на тоа
дека имаше четворица или петмина директори кои беа желни да го видат Мурињо на
кормилото, потпретседателот организираше средба со него“.
Португалецот на
состанокот имал Power Point презентација,
покажал како ќе ја имплементира формацијата 4-3-3 и како Барселона ќе изгледа
под негово водство.
„Мурињо е победник и јас верував дека играме на безбедно со неговото
именување“ – вели поранешниот поранешниот потпретседател Марк Ингла.
„Веќе ја употребуваше формацијата 4-3-3. На состанокот имаше подготвено Power
Point презентација со позиционирање
на играчите и нивно движење. Сигурен сум дека ќе ни донесеше успех“.
Проблем за Жозе Мурињо било тоа што „Каталонците“ сакале некој кој ќе може
да продолжи и да ја награди филозофијата на игра со посед на топка и додавања
која ја промовираше легендата Јохан Кројф.
И покрај тоа што „Специјалниот“ има работено во Барселона, неговиот стил
беше поразличен.
„Мурињо ни помагаше многу кога бевме младинци. Луј ван Гал често го праќаше
да ги води тренинзите на Барса Б“ – вели порашениот капитен Чави.
„Шева, посед,
како да ја задржиме топката во наши нозе, како да се позиционираме, работевме
на сето ова со него. Но кога се пресели во Челси, фолозофијата на Мурињо се
промени. Тоа е многу поразличен стил од оној кој ние го негувавме во Барса“.
Големо влијание за одлуката имал и самиот Јохан Кројф, кој го советувал
својот добар пријател Лапорта да му го довери првиот тим на Пеп Гвардиола.
„Претседателот и Јохан Кројф беа добри пријатели и Лапорта имаше целосна
доверба во мислењето на Јохан. Кројф му кажа дека правиот човек за работата веќе
го тренира резервниот тим и треба само да биде промовиран“ – вели поранешниот голман Виктор Валдез.
Лапорта додава: „Прашав дали Пеп е подготвен и Чики (Бегиристан) и Јохан,
кој редовно се среќаваше со Гвардиола, одговорија дека тој е подготвен“.
„Ми се јави агентот на Мурињо и ме праша дали мислиме да го ангажираме Жозе
или не? Му кажав дека нема и дека сме го одбрале Пеп Гвардиола“.
„Па му кажав на Пеп дека сакам тој да ни биде следниот тренер. Бевме на
ручек и Гвардиола ми рече: „Ако ме назначиш за тренер, ќе ти ги донесам сите
титули!“. Навистина ми го кажа тоа!“.
Пеп Гвардиола на кормилото на Барселона се задржа четири сезони и донесе 14
трофеи, помеѓу кои и два триумфа во Лигата на шампионите (2009 и 2011). Тој и Мурињо имаа огромен број на дуели, нивното ривалство прерасна во едно од најголемите во модерниот фудбал.